Хрватскиот ракометар Анте Гаџа нема повеќе да го носи дресот на македонскиот шампион Вардар 1961.
Гаџа веќе одреден период е надвор од терените, односно се очекуваше да биде големо засилување за „црвено-црните“ за вториот дел од шампионатот.
Меѓутоа тоа нема да се случи затоа што средниот бек се реши да ја прифати понудата од Саудиска Арабија и во иднина ќе биде дел од составот на Ал Нор.
Ова за Анте ќе биде прво искуство надвор од Европа, односно досега освен во Македонија настапуваше и во својата татковина.