недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бабиќ: Без разлика дали сте први или петти, спортот ги признава само победниците

Бабиќ: Без разлика дали сте први или петти, спортот ги признава само победниците

Европските ракометни возбудувања се враќаат во Битола каде гостува швајцарски Кадетен Шафхаузен. Тренерот Жељко Бабиќ пред натпреварот против швајцарскиот тим во салата „Боро Чурлевски“ во Битола кажа дека без разлика што пелистерци во моментов се наоѓаат во комотна позиција на табелата, сепак, ќе атакуваат на нова европска победа.

„Се подготвуваме како и вообичаено, го анализиравме противникот и видовме кои се нивните специјалности, на која позиција се добри и кои се нивните специфични движења. Низ видео анализи и тренинзи ќе се обидеме да го најдеме најдоброто за нашето издание и да ја изведеме најдобрата тактичка подготовка за Кадетен.

За разлика од минатата година сега малку сме во полесна резултатска позиција кога говориме за табелата, но сметам дека во спортот нема полесни позиции, туку имате една цел која не смее да варира, а тоа е побездата. Без разлика дали сте први или петти, спортот ги признава само победниците, па така јас како тренер и моите играчи размислуваме на таков начин и така се подготвуваме, а на крајот ќе видиме дали ќе успееме на крајот во она кое го сакаме. Кој го следи Еурофарм Пелистер, видливо е дека играчите кои играат тука имаат страшен карактер, ангажман, дисциплина, одговорност и сакаат да победат секој пат. И покрај сите проблеми кои ги имавме во Франција, ракометарите покажаа еден неверојатен ментален интензитет. Секако, го загубивме мечот, не сум во целост задоволен и среќен поради тоа, но еден дел од мене е задоволен затоа што знам дека сите играчи, вклучувајќи ме и мене тука како тренер заедно со стручниот штаб, дадовме се од себе за да победиме, но ете, не успеавме во тоа. Ама покажавме вистински карактер и тоа е нешто со сигурно го краси Еурофарм Пелистер оваа година“, изјави Жељко Бабиќ.

Битолчани во моментов се наоѓаат на второто место на табелата во групата Д со осум освоени бода, исто колку што има и третопласираниот Шафхаузен. Натпреварот меѓу македонскиот и швајцарскиот тим се игра во вторник од 18:45 часот