четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бабиќ : Горд сум на моите играчи

Бабиќ : Горд сум на моите играчи

Стратегот на битолскиот ракометен клуб  Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ, им честита на ракометарите за победата над Татабања, втора во новата сезона во Европската лига на ЕХФ.

Хрватскиот тренер истакна дека големата борбеност на неговиот тим во клучните моменти ги донела посакуваните бодови.

„Знаевме дека Татабања е цврст тим, дека нивниот тренер преферира добра одбрана и притисокот кој го носеше овој натпревар го донесе оној ракомет на терен, што можеби не беше и премногу убав да гледање. Чекавме грешка на противникот за да се одлепиме, во тоа и успеавме и дојдовме до посакуваната победа. Честитки до играчите кои се бореа за секој милиметар и за секоја топка, јас сум горд на нив. Следи нова пресметка со Татабања, тоа сигурно ќе биде нов меч и верувам дека ќе биде нов неизвесен дуел, затоа што противникот никогаш не се предава. Доаѓа нова борба, за секоја топка, за секој метар. Мора да се одмориме малку физички колку што можеме, па пак да тргнеме со една борбена игра кон нова победа“, изјави Бабиќ.

Вториот меч меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања се игра утре во Битола, а по одлука на двата клуба, улогата на домаќин ќе ја има унгарскиот гостин.