Хрватскиот ракометен тренер Жељко Бабиќ го освои првиот трофеј со Еурофарм Пелистер на домашната сцена, откако во рамките на ракометниот Суперкупот славеа над големиот ривал Вардар 1961 со (22-31).
По мечот, хрватскиот стратег истакна дека е среќен што успеал да донесе титула во Битола, што е одлична најава за сезоната која следи.
„Мислам дека ние добро го искористивме отсуството на низата играчи од Вардар и секако дека поголемата ротација го одлучи победникот. Имавме и добри голмани. Одигравме во доста висок ритам. На сите ни беше сон да дојдеме до титула, можам да кажам дека ја исполнив едната своја мисија, да освоиме еден трофеј за нашата Битола. Се радувам за тоа“, изјави Бабиќ по натпреварот.