понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бабиќ: Ни треба ментален одмор и истата енергија и желба од дербито со Вардар

Бабиќ: Ни треба ментален одмор и истата енергија и желба од дербито со Вардар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го очекуваат дуелот против Нексе од осминафиналето на Европската лига. Со екипата во Нашице отпатува и капитенот Јосип Периќ, кој и натаму е неизвесен за настап. Во Македонија остана само повредениот Мартин Велковски.

Тренерот Жељко Бабиќ има само зборови на пофалби за хрватскиот вицешампион.

„Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат. Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана“, вели тренерот на македонскиот вицешампион.

Победникот од осминафиналето меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер ќе се сретне со подобриот од двомечот ГОГ Гудме – Бидасоа Ирун.

foto:gol.mk