По мечот и победата на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ изрази задоволство од нивото на игра кое го прикажаа неговите ракометари на оваа средба.
„Најпрво би сакал да изразам сочувство за сите погодени од несреќата која и се случи на Македонија. Што се однесува на натпреварот, ние добро ги искористивме сите нивни проблеми. Тие беа уморни и се покажа дека тоа влијаеше на нивниот настап. Воедно сакам да им се заблагодарам на моите играчи на одличниот ангажман и желба. Навистина одиграа на неверојатно ниво и на крај мислам дека победивме повеќе од тоа што очекувавме“, рече хрватскиот стратег.