кипата на Барселона е третиот учесник на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако во реванш четвртфиналниот дуел на домашен терен против Фленсбург славеше победа од 27:24.
Најефикасни во тимот на Барселона беа Дика Мем со шест гола и Јусеф Бен Али кој постигна пет погодоци. Во тимот на Фленсбург најпрецизен беше Хампус Ване со шест гола, додека четири постигна Јоханес Гола.
Покрај Барселона претходно пласман на завршниот турнир обезбедија уште Келце и Веспрем. Останува уште последниот четвртфинален дуел помеѓу Кил и ПСЖ после кој ќе биде комплетирана четворката која ќе игра во Келн. Овој меч започнува во 20:45 часот.