Словенечкиот ракометен репрезентативец Домен Макуч нема да замине во данскиот Алборг, туку го продолжи договорот со каталонскиот гигант Барселона.
Младиот плејмејкер потпиша нов договор до 2026 година, а актуелниот беше со важност до крајот на сезоната 2023/24.
Макуц претходно беше дел од Целје, а како одминува неговиот престој во „Блауграна“, така добива се поголема улога и минутажа во актуелниот европскиот првак.