Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндиќ ја напушта Барселона, откако клубот го известил дека сака да го раскине договорот, пренесува „Спорт“.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека одлуката во Барселона ја донеле поради се почестите повреди на хрватскиот репрезентативец.
Исто така, „Спорт“ пишува дека раскинувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец значително ќе ја олесни финансиската состојба во клубот.
Покрај Циндиќ, Барселона на позицијата среден бек ги има неодамна потпишаниот Пол Валера од Гранољерс и Словенецот Домен Макуц.