Ракометниот клуб Барселона не ја заборави својата легенда, Виктор Томас. 37-годишникот кој во 2020 се повлече од спортот доби достојно збогување од публиката во „Палау Блауграна“. По европскиот класик меѓу Барселона и Кил, каталонскиот тим организира церемонија на која му се оддаде чест на легендарното десно крило.
Дресот со бројот осум замина во легендите, повеќе нема да се користи во Барселона, а традиционално ќе биде закачен во салата. Тоа е само седми дрес во клубот кој е повлечен од употреба, па поради тоа Томас мора да е горд.