недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Благотиншек три години во Фленсбург

Благотиншек три години во Фленсбург
ARCHIV - Wechselt 2023 nach Flensburg: Blaz Blagotinsek. Foto: Soeren Stache/dpa-Zentralbild/dpa

По седум години минати во Веспрем, Блаж Благотиншек од летото 2023 година ќе игра за Фленсбург со кој потпиша тригодишен договор.

Словенечкиот репрезентативец ќе ја пополни празнината што ќе се создаде со заминувањето на Сајмон Халд, откако Данецот во исто време ќе се врати во татковината каде ќе ги брани боите на Алборг.

Корпулентниот пивотмен во најтрофејниот унгарски клуб пристигна од Целје во 2016 година. Двапати беше прогласуван за најдобар бранител на ЕХФ Лигата на шампионите, а одигра исто толку финалиња во елитното натпреварување.

Касата има две шампионски титули во Унгарија, две СЕХА лиги и три национални купа. На 243 натпревари во дресот на Веспрем постигна 403 гола.