Зад нас се четвртфиналните рунди во СЕХА лигата во кои нашите претставници Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер минаа низ трилер мечеви кои беа решени на пенали со тоа што „црвено-црните“ паднаа во рулетот против Нексе, додека пак битолчани успеаа да се радуваат против Мешков Брест.
Од пресметките во Скопје, Битола и останатите битки од четвртфиналната фаза беа избрани најдобрите голови и одбрани каде место имаше за неколку асови на нашите претставници.
Цепелинот на Филип Талески и Куни Моралес се најде на втората позиција на најтрактивни погодоци, додека Руди Сери го зазема третото место на оваа листа, а пак Урбан Лесјак ја има одбраната на „колото“.