понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Червар со изненадувачка одлука: Го врати во тимот играчот кој сам го отпиша

Червар со изненадувачка одлука: Го врати во тимот играчот кој сам го отпиша

Селекторот на хрватската репрезентација, Лино Червар ја направи четвртата промена во составот на Европското првенство.

За дуелот против Норвешка го врати искусниот голман, Мирко Алиловиќ, кого пред крајот на групната фаза го прати на трибините. Тој ќе биде на местото на Иван Пешиќ.

Хрватска и Червар се под голем притисок, по триумфот над Белорусија, ќе мора да го добијат и дуелот со Норвешка доколку сакаат да се најдат во полуфиналето на континенталното натпреварување, чиј домаќин е токму оваа земја.