сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Четврта титула во СЕХА лигата за Веспрем

Четврта титула во СЕХА лигата за Веспрем

Со синоќешната победа на пенали над хрватскиот шампион ППД Загреб од 31-29 (27-27), ракометарите на унгарски Веспрем ја освоија четвртата титула во СЕХА лигата и дојдоа на една помалку од македонскиот првак Вардар 1961, кој со пет трофеи останува најуспешна екипа во историјата на ова регионалното натпреварување.

За Веспрем ова беше петти настап во финалињата на СЕХА лигата, во кои единствен пораз претрпеа од Вардар 1961 во сезоната 2016/17, а титулите ги освојуваа во 2015, 2016 и 2019 година.

На патот до фајналфорот во Задар, екипата на Загреб беше елиминирана во четвртфиналето од Вардар 1961, но раководството на СЕХА му забрани настап на завршниот турнир на актуелниот македонски првак поради еден позитивен случај на коронавирус во неговите редови.