среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Васил Гогов од Вардар ја има најатрактивната одбрана во СЕХА лигата

Васил Гогов од Вардар ја има најатрактивната одбрана во СЕХА лигата

Членот на Вардар 1961, Васил Гогов е креатор на најатрактивната одбрана во четвертфиналните пресметки во СЕХА лигата.

Гогов имаше двојна интервенција на пресметката против Војводина во Скопје, а истата беше доволно за да ја освои позицијата број еден на најновата Топ листа.

Вицешампионското место пак е резервирано за голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак кој беше во елемент во дуелот со Татран Прешов.