сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Цветан Кузманоски нов играч за Еурофарм Пелистер

Цветан Кузманоски нов играч за Еурофарм Пелистер

По потписот со Карим Хендави пред еден месец, Еурофарм Пелистер го доведе и второто засилување за вториот дел од сезоната. Овој пат новото име е репрезентативното крило Цветан Кузманоски од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер.

„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Цветан Кузманоски е нов член на екипата. Тој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 и во следните три и пол сезони ќе го носи дресот на нашиот клуб. Кузманоски веќе се приклучи на тренинзите на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб и ќе дебитира во вторник во Лига Европа против Рајн Некар Левен“.

Стружанецот одигра одлична есен во дресот на Еурофарм Пелистер 2, а дебитираше и за сениорската репрезентација на Македонија на Светското првенство во Египет.

Талентираното 21-годишно крило две сезони беше најдобар стрелец на неговиот матичен клуб Струга, пред да дојде во Битола.