понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Цвијиќ: Во Мец имавме лош ден

Цвијиќ: Во Мец имавме лош ден

Ракометарките на Вардар викендот првпат се поразени на натпревар од Лигата на шампионите, на гостувањето кај Мец со 24:22. И покрај поразот вардарки остануваат првопласирани на табелата во групата, а пикерот Драгана Цвијиќ се надева дека така ќе биде и на крајот од втората фаза.

– Тажни сме поради поразот, но драго ни е што имавме тежок меч на гости да ги видиме грешките. Треба да гледаме позитивно, зашто имаме уште два натпревари за да останеме први во групата. Не треба да паднеме сега психолошки. Ова е само еден наш лош ден. Последните пет минути пресудија. Треба да видиме каде грешевме. Мислам дека оваа екипа може да оди многу далеку, изјави Драгана Цвијиќ.

Во следното коло од ЛШ, во Скопје доаѓа екипата на Битигхајм од Германија.