Словенечкиот ракометен репрезентативец Деан Бомбач, најверојатно ќе си замине од унгарскиот ПИК Сегед по истекот на договорот следното лето, пишува „Handball Planet“.
Средниот бек ja игра шестата сезона во дресот на ПИК Сегед, откако се врати од полскиот Келце во 2018 година.
Пред да замине во Полска, две сезони беше дел од унгарскиот тим, па до следното лето ќе комплетира вкупно осум сезони.
Во 2024 година во ПИК Сегед доаѓа тренерот Микаел Апелгрен, а Бомбач веројатно не се вклопува во неговата концепција.