четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дејан Милосављев го предводеше Фуксе Берлин до трофејот во Европската лига

Дејан Милосављев го предводеше Фуксе Берлин до трофејот во Европската лига

Германскиот Фуксе Берлин стана нов шампион во Европската лига, откако во финалето славеше против Гранолјерс со 36-31, додека третото место му припадна на Гепинген кој го совлада Монпелје со 33-29.

Германскиот тим ја најави победата уште во првото полувреме, кое го доби со 16-12, а Гранолјерс во вторите 30 минути се обидуваше да најде начин за пресврт, меѓутоа не успеа во намерата.

Најдобар во редовите на Фуксе Берлин беше Андерсон со осум голови, додека екс-голманот на Вардар, Дејан Милосављев запиша 13 одбрани.

За бундеслигашот ова е трета титула на европската сезона, откако во 2015 и 2018 година го освои ЕХФ-купот.