петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дејвис: Ако сакаш успех во Лигата на шампионите, мора да победуваш дома

Дејвис: Ако сакаш успех во Лигата на шампионите, мора да победуваш дома

Ракометарите на Вардар 1961 ги очекува дуелот од 12. коло на Лигата на шампионите, во Скопје против ППД Загреб.

На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше тренерот Давид Дејвис Камара. Според него, одбраната пак може да биде клучот за победа над ривалот.

„Работевме заедно еден месец. Од натпревар во натпревар играме подобро. Ако имавме повеќе време ќе игравме многу подобро. Мора бргу да се подготвиме за Загреб, да направиме добра тактика и да имаме многу респект за тимот кој игра добро. Февруари е многу важен месец, потребни се сите можни бодови. Ако сакаш да направиш успех во Лигата на шампионите, мора секогаш да победуваш дома. Во мојот систем е главна одбраната и голманите, а ако тие функционираат доаѓа до победа. За мене најважна е дефанзивата, па така ќе биде и со Загреб. Ќе има борба и ќе биде тешко, а ние сакаме да одиме едно место погоре во групата со победа над Загреб. Еден натпревар е еден натпревар. Победата над Монпелје беше добра, луѓето веруваат во системот, а круцијално е да функционира добро. Оваа победа беше искуство за помладите играчи. Нашата цел е да бидеме меѓу шесте во групата кои одат понатаму. Триумфот над Монпелје е добар, ама одиме чекор по чекор. Потребни ни се навивачите, се сеќавам на одличната атмосфера од претходните години и сакам пак да ја почувствувам“, изјави Дејвис.