Давид Дејвис се врати во Вардар 1961 и се наоѓа на чекор до исполнување на мисијата. Со голема победа со пресврт во Купот, вардарци го зграпчија првиот трофеј во сезозната, а за две недели веројатно истото ќе го сторат и со шампионскиот.
Сакам да му честитам на Бабиќ, тој е одличен тренер и одамна се познаваме. Имаме многу почитување за него, неговите екипи секогаш играат добар ракомет. Атмосферата денес беше многу добра, се играше одличен ракомет, љубителите уживаа. Ова беше типичен Куп-дуел. Првиот дел Еурофарм Пелистер доминираше, па петнаесеттина минути беше израмнето и на крај ние се извлековме. Можеби малку среќно, но на крај победивме. Мислам дека клучот беше што верувавме во победа и кога заостанувавме 5-6 гола. Се одлучив да играм „фластер“ на Периќ и тој потег се покажа како одлучувачки“, рече Шпанецот.