сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Денес стартува завршницата во ракометниот Куп во двете конкуренции

Денес стартува завршницата во ракометниот Куп во двете конкуренции

Салата во Автокоманда во Скопје  во наредните три дена ќе биде епицентар на ракометот во Македонија место каде ќе се играат завршните битки во Купот на Македонија, во машка и во женска конкуренција,

Во машка конкуренција полуфиналните натпревари на програмата се играат денес , додека женските на терен ќе излезат в петок. Финалните натпревар се закажани за во сабота.

 

  • Распоред на завршните турнири:

13.05.2021 (Четврток)

Полуфинале мажи:

Полуфинале 1: РК Металург – РК Вардар 1961, со почеток во 16.30 часот на МТВ 3

Полуфинале 2: РК Бутел Скопје – РК Еурофарм Пелистер, со почеток во 19.00 часот на МТВ 3

14.05.2021 (Петок)

Полуфинале жени:

Полуфинале 1: ЖРК Куманово – ЖРК Металург, со почеток во 15.30 часот (Live streaming)

Полуфинале 2: ЖРК Вардар – ЖРК Чаир, со почеток во 18.00 часот (Live streaming)

15.05.2021 (Сабота)

Финале за жени, со почеток во 14.30 часот на МТВ 3

Финале за мажи, со почеток во 17.30 часот на МТВ 1

Трофеите ќе ги бранат РК Металург во машка и ЖРК Куманово во женска конкуренции.