Македонскиот ракометен шампион Вардар му гостува на португалски Порто во натпревар од Лигата на шампионите.
Крилото на „црвено-црните“, Тимур Дибиров изјави дека Порто е целата репрезентација на Португалија и очекува тежок меч.
„Порто е цела репрезентација на Португалија. Одиграа одличен шампионот во Египет, а на истиот начин игра и Порто. Многу се опасни на сите позиции, особено играат одлично на домашен терен. Очекувам тежок натпревар и доколку ние сакаме да напредуваме мораме да почнеме од Порто. По два месеци без натпревар, полека влегуваме во ритам и очекувам на секој натпревар екипата да биде се подобра“, изјави Дибиров.
Натпреварот меѓу Порто и Вардар ќе се игра во четврток со почеток во 20:45 часот.