недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дибиров: Ваквото ривалство е секогаш добредојдено и верувам дека ќе трае!

Дибиров: Ваквото ривалство е секогаш добредојдено и верувам дека ќе трае!

Тимур Дибиров влегува во десеттата година во „црвено-црниот“ дрес со нов Куп-трофеј. Вардар 1961 во финалето го совлада Еурофарм Пелистер (23-22), во драматичен дуел полн со возбудувања.

По натпреварот руското крило даде свое видување на средбата во салата „Јасмин“ во Кавадарци и истакна дека се победило со мала доза на среќа, а истовремено му честита и на Еурофарм Пелистер за прикажаното.

„Знаејќи дека секој натпревар е посебна приказна, верував дека ќе биде многу тешко. Секогаш е различно. Имаме ривалство меѓу нашите екипи и секој дуел е непредвидлив. Честитки за ривалот, беа многу добар противникот и кога ќе победиш на вакво начин, дефинитивно среќата беше на нашата страна. Честитки и за нашите момци и на стручниот штаб. Се извлековме од тешка позиција во клубот во сезоната, но важно е што на крај победивме. Ривалството и атмосферата на овие тимови е добредојдено и верувам дека ќе трае.“, изјави Дибиров.

За Вардар ова беше јубилејна 15-та титула во Купот на Македонија. Сега, следат натпревари на домашната сцена, за потврда на „двојната круна“ во македонскиот ракомет која и лани застана во црвено-црните витрини.