сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дибиров: Време е да се вратиме на победите

Дибиров: Време е да се вратиме на победите

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 утре на домашен терен го пречекува норвешки Елверум во обид да ја прекине губитничката серија и да го запише вториот триумф во групата А во Лигата на шампиони.

Левото крило на Вардар 1961, Тимур Дибиров, истакна денеска дека тимот ја крева формата и најави враќање на победничките патеки.

– Прво сакам да кажам дека без оглед на негативната серија што ја имаме од три порази, очигледно е дека многу напредувавме во играта на последните натпревари и од тој аспект нашите амбиции растат. Од друга страна, свесни сме дека сме под притисок да освојуваме бодови, бидејќи сега ни доаѓаат натпревари во кои планираме да победиме, изјави Дибиров.

Тој рече дека играта на норвешкиот првак е добро анализирана.

– Што се однесува до Елверум, нивниот стил на игра е различен од оној на нашите последни противници. Играат поинаков стил, физички цврст и со многу интензитет. Ќе видиме на кој начин ќе одговориме, но сигурен сум дека конечно мораме да влеземе во добра серија и ќе ја поправиме ситуацијата, а ништо друго не ја крева самодовербата како победа, додаде Дибиров.

Вардар има ефект од една победа и шест порази во Лигата на шампиони, пред неделниот меч против Елверум во салата „Јане Сандански“ со почетокот од 16 часот. (МИА)