Шпанскиот ракометен гигант Барселона соопшти големи вести и објави дека францускиот ракометар Дика Мем потпиша нов договор со клубот.
24-годишниот десен бек, кој е член на Барса од 2016 година, ја обнови соработката која истекуваше за една сезона. Мем според новиот договор ќе остане дел од каталонскиот и европски ракометен гигант до 2027 година.
Мем дојде во Барселона од тимот на Трембли каде ја стартува ракометната кариера и во шпанскиот тим се афирмира како стандарден француски репрезентативец и важен дел од екипата која жнее титули во Шпанија.