сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Диневска и Џатевска од Вардар потпишаа за ЖРК Чаир

Диневска и Џатевска од Вардар потпишаа за ЖРК Чаир

Женскиот суперлигаш ЖРК Чаир промовира две големи засилувања за новата сезона. Клубот од Скопје со двете нови имиња може да претендира за највисок дострел во Суперлигата и Купот.

Нови членки на тимот од Чаир се репрезентативките Бојана Диневска и Ивана Џатевска, кои доаѓаат од таборот на ЖРК Вардар.

Диневска беше капитенка на „црвено-црните“, но сега амбициозниот проект на ЖРК Чаир ја привлече да ја смени средината.