сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пораз за ЖРК Чаир во првиот натпревар од двомечот со Макаби

Пораз за ЖРК Чаир во првиот натпревар од двомечот со Макаби

Ракометарките на Чаир на домашен терен беа поразени од Макаби со 30:33 во 1/16 финалето од Европската лига.

Гостинките од Израел покажаа зошто се фаворити во двомечот. Посебно ефикасни беа во првото полувреме. Одбраната на домаќините не функционираше и за 30 минути прими дури 18 голови.

Сепак, тоа не ги обесхрабри чаирчанки кои во вториот дел се покажаа во едно поинакво светло.

Македонскиот претставник имаше водство во вториот дел, сепак немаше доволно сили да се избори за целосен пресврт. Макаби во завршницата рутински го приведе натпреварот кон крајот и ја потврди победата.

Реваншот е закажан за шест дена.