петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Додиќ се раздели со Вардар поради ЛШ, оди во ППД Загреб

Додиќ се раздели со Вардар поради ЛШ, оди во ППД Загреб

ППД Загреб во новата сезона ќе биде далеку посилен. Покрај Иван Чупиќ во дресот на хрватскиот тим ќе ги гледам Вуко Борозан и Тимур Дибиров, а според најавите најверојатно стратегот, Ивица Обрван на располагање ќе има уште еден играч од редовите на Вардар 1961.

Станува збор за Стефан Додиќ. Тој во новата сезона требаше да замине во Келце, но раководството на клубот одлучи да го даде на позајмица уште една година, а потоа дури ќе замине во редовите на полскиот тим.

„Имаме една сериозна опција. Тоа е Загреб. Ако таа опција пропадне, одново ќе се вратиме назад на темата каде би можел да оди“, Бертус Сервас, претседателот на Келце.