петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Доленец го пропушта Европското првенство во Хрватска

Оваа одлука ја донесе лекарскиот тим на каталонскиот клуб откако ја провериле неговата здравствена состојба.
Доленец го пропушта Европското првенство во Хрватска

Репрезентативецот на Словенија и ракометар на Барселона Јуре Доленец (десен бек) ќе го пропушти Европското првенство во Хрватска. Оваа одлука ја донесе лекарскиот тим на каталонскиот клуб откако ја провериле неговата здравствена состојба.

Доленец имаше повреда на менискус и му беше извршена операција во ноември минатата година. По прегледите направени деновиве во Барселона тој доби забрана за играње натпревари особено што напорите на Европското првенство се големи и се игра секој втор ден.

Доленец оваа сезона дојде во редовите на Барселона на местото на капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров.

Малку добри вести за селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ е можноста за настап на Вид Кавтичник (исто така десен бек и повреден), но најверојатно нема да биде во комбинација на првиот дуел против Македонија на 13.јануари.