За нешто повеќе од една седмица започнува 51. издание на Меѓународниот ракометен турнир Струга, на коe ќе учествуваат три македонски екипи и три од странство.
Организаторот на традиционалниот турнир го објави и комплетниот распоред за натпреварите во групната фаза како и за финалниот дел. Струшкиот турнир ќе го отворат домашната екипа на Струга против Вардар 1961, додекана о првиот ден ќе играат Алкалоид и Динамо Панчево.