недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Домен Макуц во „аут“ една година

Домен Макуц во „аут“ една година

Екипата на Барселона доби официјална потврда дека повредата на Словенецот Домен Макуц е повеќе од сериозна и тој ќе мора да отсуствува од терените повеќе од една година.

Катастрофални вести пристигнаа за каталонскиот гигант и за словенечката репрезентација. Макуц се повреди на натпреварот против Војводина и беше на раце изнесен од теренот, а денес само се потврдија стравувањата дека тој ќе замине во долг процес на рехабилитација.

Барселона се надеваше дека токму Макуц ќе биде еден од лидерите на тимот, особено откако замина Лука Циндриќ, но сега ќе мора да пронајде соодветна замена за Словенецот, затоа што новата сезона започнува многу наскоро.