среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Домен Тајник е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Домен Тајник е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер продолжува да се засилува пред настапот во Лигата на шампионите и од денеска нов член на битолчани е Домен Тајник.

Словенечкиот ракометар потпиша тригодишен договор Е. Пелистер, а доаѓа од екипата на Горење Велење. Тајник ќе биде третиот словенечки ракометар кој ќе настапува за Е. Пелистер по Лесјак и Цехте.

22-годишниот Тајник целата досегашна кариера настапува во Велење, а од сезоната 2017/18 е член на првиот тим. Со Горење Велење стана шампион на Словенија, ги освои Купот и Суперкупот на Словенија, играше во Лигата на шампионите, а последните сезони беше дел од тимот кој настапи и во Лигата на Европа.

Домен Тајник ги мина сите младински категории на словенечката репрезентација, а во Оран 2022 година настапи и за сениорскиот тим на Медитеранските игри.