Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона пуштени се во продажба дополнителни 200 билети.
Истите се за стоење и од утре ќе бидат пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.
Претходно беа продадени дополнителните 500 билети што беа пуштени исто така за стоење и плус расподаден е целиот капацитет за седење во СЦ „Јане Сандански”
Цената на билетите се 150 денари.
Натпреварот со Барселона е закажан за 11 ноември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”