недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

„Џомба“ за Стоилов и за Миркуловски: Вие сте пример како се игра за својата држава

„Џомба“ за Стоилов и за Миркуловски: Вие сте пример како се игра за својата држава

Повлекувањето на Филип Миркуловски и на Стојанче Стоилов од македонската репрезентација останува главна тема меѓу ракометарите, кои им оддаваат почит на големите асови кои повеќе од една деценија гинеа бранејќи ги боите на Македонија.

Десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски – „Џомба“, преку својот профил на фејсбук ги пофали долгогодишните репрезентативни колеги.

„Едниот клупски, другиот репрезентативен цимер… Македонија треба да биде горда што имаше вакви борци што го даваа својот максимум и се бореа за репрезентативниот дрес, вие сте пример за идната генерација како треба да се игра за својата држава,а мене ми претставува особена чест и задоволство што имав таква привилегија да играм со вас и заедно да ги прославуваме сите репрезентативни успеси“, напиша Георгиевски, крај заедничките фотографии со Стоилов и со Миркуловски.