четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Е. Пелистер подобар од домаќинот во првиот натпревар на Струшкиот ракометен турнир

Е. Пелистер подобар од домаќинот во првиот натпревар на Струшкиот ракометен турнир

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа со 27:23 над домаќинот на првиот натпревар на јубилејниот 50. Струшки ракометен турнир.

Поради лошите временски услови, натпреварот наместо на теренот покрај градската плажа, се одигра во салата „Нико Нестор“.

Иако важеа за големи фаворити, ракометарите на Е. Пелистер до победата дојдоа во второто полувреме откако во првиот дел имаа позитива од само еден гол (13:12).

Сепак, во вторите 30 минути, битолчани кои летото направија ремонт на екипата, плус на местото на Бабиќ на клупата седи Ларс Валтер, го покажаа квалитетот, дојдоа до предност од пет гола и рутински  го приведоа мечот до крајот.