Шпанскиот десен бек Едуардо Гурбиндо во следната сезона ќе ги браните боите на германскиот ракометен гигант Кил.
Гурбиндо го раскина договорот со романскиот првак Динамо Букурешт, па без оштета се пресели кај „зебрите“ на една сезона.
Кил е во групата со македонскиот првак Еурофарм Пелистер и ќе гостува во Битола на меч од Лигата на шампионите.