сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЕХФ официјално потврди: Вардар ќе игра во Лигата на шампионите

ЕХФ официјално потврди: Вардар ќе игра во Лигата на шампионите

ЕХФ (Европската ракометна федерција) ги објави сите пријавени екипи за место во Лигата на шампионите за следната сезона. Според рејтингот на федерациите, македонскиот првак Вардар заедно со уште девет екипи имаат директно место во групите.

Преостанатите шест места ќе бидат пополнети со уште шест екипи од оние 12 што се пријавија за вајлд-карта.

Конечниот список на клубовите што ќе добијат место во елитната конкуренција ќе биде објавен на 28 јуни, додека ждрепката ќе биде на 2 јули.

Во новата сезона Вардар ќе има нов тренер, тоа е Веселин Вујовиќ кој се враќа на клупата на црвено-црните, измени има и во составот, кој претрпе промени со заминувањето, но и доаѓањето на нови ракометари. Вардар има освоени две Европски титули, а амбициите на клубот се и понатаму да конкурираат за врвот.