недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Галатасарај во ЛШ без Мауро Икарди против Баерн Минхен

Галатасарај во ЛШ без Мауро Икарди против Баерн Минхен

Аргентинскиот напаѓач на Галатасарај, Мауро Икарди ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, пренесува „Гол Туркије“.

Поранешниот капитен на Интер нема да игра поради повреда заработена во победата од 2:1 над Бешикташ во турската лига. Икарди го постигна победничкиот гол за својот тим на ова истанбулско дерби.

Аргентинецот има до сега учинок од 10 голови и едва асистенција во девет настапи оваа сезона во турската Суперлига.

Натпреварот од третото коло во ЛШ меѓу Галатасарај и Баерн ќе се одигра во Истанбул во вторник од почнува во 18.45 часот.

Двете екипи се на првите две позиции во групата. Германците имаат шест бодови, а Турците два помалку.