четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Го навреди Галатасарај и сега добива смртни закани

Го навреди Галатасарај и сега добива смртни закани

Галатасарај и Копенхаген одиграа 2:2 во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Изјавата на гостинскиот голман Камил Грабара ги налути фановите на Галата кои му испраќаа смртни закани.

По мечот полскиот голман напиша на Инстаграм: „Ги заслуживме сите три бода од таа дупка, но тоа е живот, одиме понатаму“. Со зборот „дупка“ го нарече стадионот на славниот истанбулски клуб.

Полјакот процени дека тоа е премногу па ја смени објавата „Ги заслуживме трите бода од овој посран натпревар, но тоа е живот, одиме понатаму“.

Сепак, штетата ја направи, а па го навлече гневот на фановите на Галата. Инаку Копенхаген водеше со 2:0 но во финишот со два брзи гола Галата извлече бод.