Шпанија ја оправда фаворитската улога во мечот против Белорусија на Европското ракометно првенство и славеше со 37:28 (полувреме: 17:16).
Белорусите се држеа во првиот дел, но нивната игра тотално се распадна во продолжението, па „фуријата“ без проблеми ја впиша шестата победа во низа на турнирот.
Анхел Фернандез Перез и Феран Соле постигнаа по седум гола за шпанскиот тим, прв стрелец во натпреварот беше Белорусинот Микита Ваилупау со осум погодоци.
Шпанија и Хрватска имаат максимален ефект во групата и во меѓусебен дуел во среда попладне ќе решаваат која селекција ќе патува како првопласирана во полуфиналето.