сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за дебито во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за дебито во Лигата на шампиони

Со жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена денеска е одреден составот на групите во Лигата на шампиони во која за прв пат во клупската историја ќе настапи Еурофарм Пелистер.

Жрепката го смести македонскиот првак во групата А заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Колштад и ППД Загреб.

Новата сезона 2023/24 во елитното ракометно европско клупско натпреварување стартува на 13/14 септември.