Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер втора година едноподруго го освојуваат Супер купот во ракомет, повторно против Вардар, овој пат во тврд и неизвесен натпревар, кој резултираше со 23-22.
Иако имаше четири одбрани, некогашниот вардарец, Марко Кизиќ се покажа клучен за победата со интервенција во последната секунда.
Талески со 10 гола беше најефикасен на мечот, но најголемата поддршка ја имаше во Дејан Манасков со четири. Кај Пелистер, Усама Хосни погоди четири пати, Мохамед Суси и Жарко Пешевски по четири, додека голманите собраа 13 интервенции. Ова е втор пехар за Пелистер во петтото издание на Супер купот на РФМ. Вардар остана на три.