среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер го освои трофејот во Охрид

Еурофарм Пелистер го освои трофејот во Охрид

Македонскиотракометен шампион Еурофарм Пелистер го освои турнирот „Крсте Андоновски“, откако вечерва во финалето славеше против грчкиот гигант Олимпијакос со 30-27.

Ракометарите на Олимпијакос беа незгоден противник од самиот почеток и играа сигурно во нападот за да создадат водство од три гола, меѓутоа битолската екипа се созема и направи пресврт, а на полувреме замина со водство од 16-14.

Битолчани беа одлични и во вториот дел, каде што стигнаа до пет гола предност, но Олимпијакос повторно ја врати неизвесноста во завршницата. Сепак, грчкиот тим не успеа да направи изненадување до крајот на мечот и загуби со 27-30.

Третото место на турнирот му припадна на Татран Прешов, кој претходно беше подобар од Охрид со 33-32 по изведување на пенали.

Фото: Денис Дуковски