Македонскиот ракометен тим, Еурофарм Пелистер го доби малото финале на фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата, тие го совладаа Нексе со 27-23 и го освоија третото место.
Во првото полувреме беше неизвесно, двете екипи се менуваа во водство, а на полувремето Нексе замина со предност од 13-12.
Нексе го постигна првиот гол од вториот дел за 14-12, а потоа следуваше серија на Еурофарм Пелистер од 6-1 за предност од 18-15, што се покажа и клучна.
Битолчани до крајот на мечот ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 27-23 и го освоија третото место во регионалното натпреварување.
Најдобар стрелец во битолскиот тим беше Хосни со шест голови, додека кај Нексе, Јелиниќ постигна четири.