понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер го пречекува швајцарскиот Кадетен

Еурофарм Пелистер го пречекува швајцарскиот Кадетен

По поразот од Ним на гостински терен, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат првиот натпревар на домашен терен оваа година во рамки од ЕХФ Европската лига.

Во Битола гостува екипата на Кадетен Шафхаузен, против која македонскиот претставник одигра реми на гостувањето во есенската полусезона. Серијата без пораз на битолчани на европската сцена траеше цели четири месеци. Оваа година избраниците на Жељко Бабиќ потклекнаа само пред Ним и тоа во два наврати.

Сега се подготвени за нов успех и тоа пред домашната публика, која сигурно ќе се појави во голем број во салата „Боро Чурлевски“.

Кадетен победи на последните три меча во низа, па во одлична форма пристигнува во Македонија. Натпреварот се игра денес со почеток од 18:45 часот.