среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 сигурни во домашниот шампионат

Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 сигурни во домашниот шампионат

Новата ракометна сезона во Суперлигата започна, најинтересни за пошироката јавност беа дербито на двата братски клуба во Битола, и дуелот на првакот Вардар 1961 со новиот член на елитата, Скопје.Еурофарм Пелистер го совлада својот втор тим, Еурофарм Пелистер 2, со 29-24, оправдувајќи ја улогата на фаворит

Најефикасни во победничкиот тим беа Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ и Мандалиниќ со по пет гола, а Павле Петровиќ постигна четири гола за вториот тим.

Вардар 1961 имаше лесна задача во првото коло, против дебитантот Скопје, даде двојно повеќе голови од противникот. Вардарци победија со 48-24.

Сите играчи на списокот на тренерот Веселин Вујовиќ се запишаа во листата стрелци, освоен тројцата голмани Ристовски, Гогов и Томовски. Најдобри стрелци кај Вардар беа Талески и Дибиров со по седум гола, а Георгиевски постигна шест погодоци, додека Чакалиќ со пет и Василевски со четири гола беа најдобри кај Скопје.