среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Крос: Фудбалската Суперлига заслужува уште една шанса

Крос: Фудбалската Суперлига заслужува уште една шанса

Германскиот фудбалер Тони Крос ја поддржа идејата за Суперлигата. Играчот на Реал Мадрид нагласи дека овој проект би требало да добие уште една шанса, со цел да се балансираат финансиите меѓу европските великани.

„Мислам дека Суперлигата би можела да се реализира. Постојат неколку причини за тоа: новиот предлог е поинаков од првобитниот и заслужува публицитет. Суперлигата по новиот формат би била отворена за сите екипи бидејќи не постои склоп на клубови основачи чие учество би било гарантирано. Тоа би било натпреварување кое би го управувале клубовите, а не УЕФА.Верувам дека овој проект заслужува барем уште една шанса. Да не се лажеме, многу луѓе би се радувале на редовни пресметки на екипи како Реал и Сити, кој не би сакал такви натпревари секоја седмица?“, рече Крос.