петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер на Меѓународен турнир во Турција

Еурофарм Пелистер на Меѓународен турнир во Турција

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер кон крајот на оваа недела ќе настапи на силен Меѓународен турнир во Турција во рамки на завршните подготовки за новата сезона во која битолскиот клуб ќе ја брани домашната титула и ќе дебитира во групната фаза во Лигата на шампиони.

– Нашиот клуб е почестен со поканата за учество на „Турнирот на пријателството“ во турскиот град Сакарија, како еден од четирите учесници, заедно со унгарски Веспрем, српска Војводина и Мешков Брест од Белорусија, соопшти попладнево Еурофарм Пелистер.

Полуфиналните натпревари се на програмата в петок, а се среќаваат Еурофарм Пелистер – Веспрем и Војводина – Мешков Брест.

Финалето на Меѓународниот турнир во Сакарија е закажано за в сабота.