вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер на силен меѓународен ракометен турнир со Барселона и Монпелје

Еурофарм Пелистер на силен меѓународен ракометен турнир со Барселона и Монпелје

Македонскиот ракометен шампион екипата на Еурофарм Пелистер планира силни летни подготовки, а еден од турнирите е настапот на турнирот во босански Добој каде ќе се одиграат квалитетни натпревари.

Е.Пелистер  ќе патуваат во БиХ каде ќе играат на турнирот во група заедно со екипите на Монпеље од Франција, Ал-Ахли од Египет  и домашниот Добој од БиХ.

Во втората група се шпанската Барселона, словенечки Цеље Пивоварна Лашко, хрватски ППД Загреб и српска Впјводина.

Во зависност од резултатите, овие екипи ќе вкрсуваат подоцна. Турнирот во Добој ќе се игра од 14 до 18 август и овие натпревари ќе им послужат на тренерите Александар Јовиќ и Звонко Шундовски за подготовка за Лигата на шампионите.